Реал Мадрид заврши со прволигашките засилувања за новата сезона, но клубот наскоро може да стигне до нов фудбалер откако влезе во преговори за трансфер на поранешната младинска ѕвезда на Барселона, Икер Браво.
Седумнаесетгодишниот Шпанец ја покрива напаѓачката позиција и на него се гледа како играч кој во иднина ќе го наследи Карим Бензема, пренесуваат шпанските медиуми. Младиот голгетер од претходната сезона е дел од Баер Леверкузен за кој забележа и два настапи во сениорскиот тим и трансфер ќе чини до 10 милиони евра.
Браво беше дел од „Ла Масија“ уште од пет годишна возраст, а откако по 11 години не успеа да се избори за прволигашка шанса премина во редовите на германскиот прволигаш каде ќе биде запомнет како најмлад дебитант во 16 години, 9 месеци и 15 дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА