Лина Ѓорческа со скок од 27 места на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа голем скок на ВТА ранкингот, откако успеа да запише одличен пласман и финале на турнирот од ИТФ серијата во Оломуц, Чешка.

Тетовчанката во финалето беше поразена од Сара Бејлек која има 16 години и важи за огромна надеж на чешкиот тенис. Сепак, и покрај поразот и фактот дека остана без трофејот, Ѓорческа забележа подем од 27 позиции на ранг-листата.

Така, на денешното рангирање најдобрата македонска претставничка се најде на 239. место, откако досега беше на 266. Во својата кариера Ѓорческа само двапати имаше подобар ранкинг. Најдобар пласман на Македонката е 170 место во јуни 2017 година.

Се вчитува...