Екс-играчот на Беласица, Благој Гуцев, успеа да се договори и да ја добие довербата на управата на Беласија и во претстојната сезона ќе се приклучи во стручниот штаб на струмичани како помошен тренер на Шефки Арифовски.
За Гуцев ова е ново, деби искуство како тренер, а досега како играч, покрај на Беласица, ги бранеше боите и на Велазерими, Силекс, Пехчево, Брегалница, а има настапувано и во косовска Трепча.
Беласица оваа сезона ќе игра во обединетата Втора лига и ќе се бори за највисок пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА