Тен Хаг со ригорозни казни: Ѕвезда на Јунајтед си ги спакувала куферите и заминала дома!?

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг очигледно веднаш наметналвои правила и казни за тие кои нема да ги почитуваат наметнатите правила и договорите во клубот.

Британските медиуми пишуваат дека Тен Хаг „отпишал“ една ѕвезда од подготовките за новата сезона, а името на фудбалерот засега не се открива, додека причината за одлуката на стратегот е доцнењето од страна на играчот.

Тен Хаг сака дисциплиниран состав, па поради тоа наметна строги правила кои треба да му помогнат во создавањето на моќен тим, кој ќе им се спротистави на најголемите ривали во англискиот шампионат.

Тренерот веќе јавно го покажа своето непријатно издание на пријателскиот меч против Кристал Палас, кога се развика по еден од своите фудбалери.

Се вчитува...