Екс-македонскиот репрезентативец Филип Лазаров е избран за прв тренер на германски Интерактив Хендбол, соопштија од клубот.
Некогашниот лев бек кој има 37 години прво почна како асистент на Ацо Јоновски, а откако стружанецот беше сменет, Лазаров беше поставен за прв тренер на екипата.
По нешто повеќе од еден месец работа, Филип Лазаров ја доби довербата и потпиша договор да биде прв тренер на Интерактив Хендбол во следниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА