Цел тим занеме: Михајловиќ ненадејно се појави среде тренинг на Болоња

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, кој повторно е на лекување од леукемија, ги изненади своите играчи и дојде на тренинг.

Српскиот тренер е решен да може да го води тимот од првиот натпревар во Серија А. Исто како и првиот пат кога му беше дијагностицирана оваа болест во јули 2019 година.

Во тој период Синиша целото лето го помина на третмани и успеа да ја победи леукемијата и да го води тимот од првиот натпревар. На играчите им покажа дека има намера да го направи истиот подвиг и сега, со тоа што ненајавено се појави на нивниот тренинг.

Легендарниот фудбалер на тренингот се задржал половина час, а нема сомнеж дека играчите добиле дополнителна инјекција самодоверба на крајот од подготовките за новата сезона. Почетокот не е далеку, на 13 август. Во клубот сите се надеваат дека Миха ќе седне на клупата на Болоња.

Се вчитува...