Роналдо се враќа во Манчестер, Португалецот ќе разговара за неговата иднина во клубот

Напаѓачот Кристијано Роналдо денеска се враќа во Манчестер за да разговара со Манчестер Јунајтед за неговата иднина во клубот.

Останува нејасно дали португалската легенда ќе остане во клубот ова лето, но од Олд Трафорд се уште се категорични дека тој не е на продажба и дека е и тоа како дел од нивните планови за следната сезона, според Атлетик.

37-годишниот фудбалер побара заминување од клубот со надеж дека ќе игра фудбал во Лигата на шампионите следната сезона, но неколку врвни европски клубови оттогаш се дистанцираа од потенцијалниот потег.

На петкратниот освојувач на „Златната топка“ му преостануваат уште 12 месеци од договорот што го потпиша минатата сезона по неговото пристигнување од Јувентус, а постои опција за уште една година.

Kако што се приближува почетокот на Премиер лигата, веројатноста за негово останување во Јунајтед се зголемува.

И покрај неговиот статус во играта, имаше многу малку заинтересирани страни кога португалскиот напаѓач ги објави своите намери да го напушти Јунајтед ова лето, со само една конкретна понуда од неименуван клуб од Саудиска Арабија.

Челsи, Баерн Минхен, па дури и поранешниот клуб Реал Мадрид, сите ја одбија можноста да го ангажираат еден од најголемите играчи на фудбалот, а изненадувачки најсилните гласини беа со поранешниот непријател Атлетико Мадрид.

Се вчитува...