За спортска Македонија претстои уште еден голем олимписки настан. Нашите најдобри млади спортски таленти во Европа ќе се натпреваруваат на шеснаесеттото издание на Летниот европски младински олимписки фестивал (EYOF), кој официјално беше отворен вчера во словачкиот град Банска Бистрица.
Македонија на оваа манифестација ќе ја претставуваат атлетичарот Брајан Авиа, пливачката Сара Јанковиќ и џудистот Христијан Глигороски.
Според најавите, во текот на неделава, повеќе од 2.200 спортисти од 48 сојузи ќе се натпреваруваат во десет спортови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА