Џенаро Гатузо го „намерачил“ Артур Мело

Џенаро Гатузо ова лето седна на жешкото столче во Валенсија со која ќе се обиде да го поремети плановите на великани на шпанското првенство и да влезе во трка за висок пласман. A, за таа цел сака на теренот да го има фудбалерот на Јувентус, Артур Мело.

Повремениот бразилски репрезентативец кој го покрива средниот дел на теренот веќе две години е член на Јувентус, но не успеа да се наметне во тимот. Тој и самиот посакува да замине од Торино, а и покрај тоа што за неговите услуги постоеше интерес и од Арсенал блиску е до враќање во Шпанија и настап за Валенсија, пренесуваат италијанските медиуми.

Интересно Мело пристигна во Јувентус од Барселона во 2020 година во директен трансфер со Миралем Пјаниќ, а сега двата играчи се наоѓаат пред промена на средината. Во Барселона веќе не сметаат на Босанецот, а во Јувентус на Бразилецот.

Се вчитува...