Репрезентативецот на Јужна Кореја, Ким Мин-Џае наскоро ќе биде нов соиграч на Елиф Елмас во Наполи, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо. 25-годишникот кој претходната сезона ја помина во Фенербахче ќе биде замената за Калиду Кулибали кој премина во Челси.
За услугите на Ким Мин-Џае италијанскиот клуб ќе исплати 19.5 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула и со тоа ќе го „украде“ фудбалерот кој беше трансфер цел на Рен. Тој е веќе во Италија каде во текот на денешниот ден ќе ги помине медицинските прегледи и наскоро се очекува да биде официјално претставен во Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА