Триумф на Калин Ивановски, пласман во осминафиналето на турнирот во Австрија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во второто коло на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари кој се игра во Котингбрун, Австрија.

Во првото коло на турнирот Ивановски во три сета славеше против Италијанецот Фаусто Табачо со 4-6, 6-3, 6-3.

Во осминафиналето македонскиот тенисер ќе се соочи со уште еден Италијанец, Андреа Гуериери.

Ивановски ќе игра и на турнирот во двојки, заедно со Адам Јурајда од Чешка.

Се вчитува...