Тричковски и АЕК Ларнака по пенал-рулетот елиминирани од Митјиланд во ЛШ

Македонскиот офанзивец Иван Тричковски и неговата АЕК Ларнака не обезбедија место во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

На реванш-дуелот со данскиот Митјиланд во Ларнака, АЕК Ларнака одигра со идентични 1-1 како од првиот натпревар во Данска, па одлучуваа пеналите околу тоа кој ќе оди понатака. А, по пенал-рулетот Митјиланд беше поуспешен победувајќи со 3-4.

Тричковски ги одигра сите 90 минути од регуларниот дел на натпреварот, но беше заменет на почетокот од продолженијата.

АЕК Ларнака сега го продолжува европското натпреварување во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа.

Се вчитува...