Фудбалерите на Шкупи повеќе од достојно се збогуваа од квалификациите за Лигата на шампионите, по минималниот пораз од Динамо Загреб од 0-1 на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
„Машка борба“ на играчите на терен, прекрасна атмосфера на трибините, но сето тоа очигледно недоволно за да се елиминира еден класа тим каков што е Динамо Загреб.
Токму и тоа е разликата на тимот од рангот на „модрите“ кои знаат да го почувствуваат и искористат моментот за да стигнат до целта. А, Динамо Загреб овој пат токму само поумешно знаеше како да дојде до целта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА