Каспер Шмајхел си заминува од Лестер

Каспер Шмајхел е подготвен за ново поглавје во кариерата откако данскиот репрезентативец реши да си замине од Лестер. Негов нов клуб ќе биде францускиот прволигаш Ница, со кого Шмајхел веќе ги договори сите детали околу двогодишниот договор. Голманот на Ница, Валтер Бенитез, летово се пресели во ПСВ Ајндховен, а челниците на клубот успеаја да се договорат со Шмајхел тој да ја преземе улогата на прв чувар на мрежата на тимот од „азурниот брег“.

Проблем претставува фактот дека Шмајхел има уште една година од договорот со Лестер, но управата на клубот најавила дека ќе му дозволи да ги смени клупските бои, веднаш штом пронајде адекватна замена. Според британските медиуми, изборот на „лисиците“ паднал врз Влаходимос, за кого во најскоро време ќе бидат стартувани преговори со Бенфика.

Каспер Шмајхел е дел од Лестер уште од 2011 година и беше дел од легендарната генерација што ја освои титулата во Премиер-лигата.

Се вчитува...