Реал Мадрид се подготвува за новата сезона со американска турнеја каде досега одигра натпревари против Барселона и Клуб Америка. Шпанскиот гигант загуби во големото дерби против каталонците, а не се прослави ниту во натпреварот против тимот од САД кој заврши со 2-2.
По мечот коментар за подготовките даде Тони Крос кој изјави дека не ужива во подготовителниот период, но го знае значењето на истиот за продолжението од сезоната.
„Ова не е дел од сезоната во кој уживаме бидејќи немаме натпревари кои се сметаат на било кој начин. Меѓутоа, свенис сме за улогата на подготовките. Како истите ќе ги завршиме, така ќе ни биде и во текот на сезоната. Знаеме колку е важно физички да бидеме подготвени за све тоа што не чека во наредните месеци“, вели Крос.
Реал Мадрид во новата сезона ќе ги брани титулите во Ла Лига и Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

