Ник Кријос, овогодишниот финалист на Вимблдон се повлече од сингл конкуренцијата на турнирот во Атланта поради болки во коленото.
Контроверзниот Австралијанец требаше во првото коло силите да си ги одмери со германскиот тенисер Петер Гојовчик, но намето за натпревар излезе на теренот и и објасни на публиката зошто не може да игра.
„Многу ми е жал што не можам да играм денеска. Сакам да ви приредам шоу, но болките се преголеми. Овој турнир еднаш веќе го освоив и се надевам дека ќе дојдам тука и следната година“, изјави Кирјос.
Сепак тој не ја исклучи можноста да ја продолжи борбата во дубл конкуренцијата каде веќе помина во второто коло заедно со сонародникот Танаси Кокинакис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

