Славчо Темелковски e нов кошаркар на Феникс 2010

Минатогодишната сензација на македонското кошаркарско првенство, Феникс 2010 стигна до првото домашно засилување за новата сезона. Станува збор за Славчо Темелковски кој претходната сезона ги бранеше боите на Академија ФМП и Ангели.

Центарот во првиот дел до сезоната одигра 19 натпревари во дресот на „академиците“ притоа бележејќи просек 3.4 поени, 5.6 скока и 1.2 асистенции во Првата лига, односно 4.2 поени, 4.5 скока и 2.0 асистенции во БИБЛ, за по „распаѓањето“ на тимот да ги промени клупските бои и да го засили Ангели.

За дебитантот настапи на десет средби, а просечно бележеше 7.0 поени, 5.5 скока и 1.5 асистенција по меч, но не успеа да му помогне на тимот од Кисела Вода да го задржи прволигашкиот статус.

Феникс 2010 претходно го продолжи договорот со Бојан Трајковски.

Се вчитува...