Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко (36) нема намера да го напушти Интер иако италијанските медиуми постојано пишуваат за негово заминување од клубот. Џеко има договор со кој се обврзува со „нероаѕурите“ до крајот на оваа сезона, а доаѓањето на Ромелу Лукаку во клубот значи дека фудбалерот на БиХ ќе има помала минутажа во однос на минатата сезона.
Един може лесно да го промени клубот ако сака. Интересот за неговите услуги е огромен и во претходниот период беше поврзуван со многу клубови, меѓу кои Јувентус, Евертон, Борусија Дортмунд, Лестер и Вулверхемптон.
Сепак, Џеко нема намера да го напушти „Џузепе Меаца“. Доказ за тоа е информацијата која ја донесе угледниот италијански новинар Николо Схира.
Тој наведува дека Един во изминатите седум дена одбил дури три понуди кои дошле на негова адреса. Николо не ги откри имињата на клубовите, но јасна е изјавата дека Џеко не сака да си замине од Интер и извесно е дека до крајот на договорот ќе го гледаме во црно-синиот дрес.
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина минатото лето стана член на тимот од Милано. Тој пристигна од Рома како слободен играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА