Ајакс ја крена „до плафон“ цената на Ентони – на потег е Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед се соочува со сериозен проблем поради инсистирањето на Кристијано Роналдо да си замине, особено откако значително скокна и цената на играчот што Тен Хаг сакаше да го доведе како замена за Португалецот на „Олд Трафорд“. Бразилецот Ентони е играч со кого Тен Хаг имаше беспрекорна соработка во Ајакс, па неслучајно холандскиот стратег го стави токму овој фудбалер на врвот на листата со желби кога станува збор за навалната линија.

Ајакс пред еден месец го имаше проценето Ентони на 65 милиони евра, сума што им се виде превисока на „црвените ѓаволи“. Проблемот е уште поголем ако се знае дека холандскиот стратег во меѓувреме ги продаде Лисандро Мартинез и Халер, собра 100 милиони евра, па сега воопшто не сака да продаде уште еден првотимец (си заминаа и Мазрауи и Гравенберх во Баерн, како и Талјафико во Лион). Поради ова, Ајакс ја крена сумата што ја бара за Ентони на огромни 100 милиони евра.

„Став на сите во клубот е дека нема потреба од нови продажби, бидејќи наша цел е повторно да имаме компетититен состав за да играме на највисоко ниво. Презадоволни сме од она што го покажува Ентони на тренинзите, од неговата професионалност. Очекуваме тој да остане, освен доколку некој не испрати луда понуда за неговите услуги“, истакнаа од управата на Ајакс.

Се вчитува...