Анчелоти кажа доста е, но Перез не мирува: Реал Мадрид ќе бара замена за Бензема!?

Актуелниот шампион на Шпанија, Реал Мадрид е еден од тимовите кои ова лето не купуваа многу засилувања, туку договори само два трансфери. Прво пристигна Антонио Рудигер како слободен играч откако му заврши договорот со Челси, а потоа го купија Орелиен Чуамени.

Предводникот на „кралевите“, Карло Анчелоти веќе изјави дека екипата повеќе нема да се засилува, но управата на чело со претседателот Флорентино Перез инсистира да бара замена за францускиот напаѓач Карим Бензема бидејќи немаат фудбалер кој би можел да игра на неговата позиција.

„Мундо Депортиво“ објави дека управата на клубот разгледува четири опции, а станува збор за искусни напаѓачи и тоа се Едисон Кавани, Андреа Белоти, Оливие Жиру и Един Џеко. Кавани и Белоти би можеле да ги ангажираат бесплатно затоа што им завршија договорите со нивните клубови, додека Жиру има договор со Милан, а Џеко со Интер.

 

 

Се вчитува...