Нотингем Форест составува одличен тим – по Лингард се засилува со поранешен европски шампион

Нотингем Форест по 23 години се врати во Премиерлигата и намерува да остане дел од „елитата“ на англискиот фудбал и во иднина. Поранешниот освојувач на Лигата на Шампионите ова лето стигна до првото големо засилување со ангажманот на Џеси Лингард, а сега е на добар пат да дојде до услугите на европски шампион.

Станува збор за Вилијам Карваљо кој во 2016 година стигна до титулата шампион на Европа со репрезентацијата на Португалија, а во последните четири години настапува за Реал Бетис каде се наметна како еден од најдобрите на својата позиција во Ла Лига.

Икусниот 30-годишен Португалец е оценет како приоритетен трансфер за „црвено-белите“, а и самиот играч посакува настап во Премиерлигата. Тој не отпатува со шпанскиот тим на подготовките и наскоро се очекува да стави официјален потпис на договорот со англискиот состав.

Се вчитува...