Елиф Елмас би можел да добие поголема минутажа во тимот на Наполи наредната сезона доколку се реализираат најавите за заминување на Пјотер Зиелински од Неапол во наредните денови. Вест Хем е клубот што покажува најсериозен интерес за полскиот репрезентативец, па „чеканите“ од Лондон веќе неколку дена водат интензивни преговори со Наполи за да го доведат Зиелински во своите редови.
Вест хем по комплетирањето на трансферот на Скамака сега сака што поскоро да го заврши и потписот на Зиелински. Првата понуда од 25 милиони евра плус бонуси беше одбиена, Де Лаурентис бара 40 милиони евра, а премиерлигашот е подготвен за нова рунда преговори во најскоро време. Британските медиуми најавуваат дека Вест хем во наредните 48 часа ќе понуди 35 милиони евра плус бонуси, што би требало да биде доволно за Полјакот да добие зелено светло за преселба на „островот“.
Очигледно е дека „наполитанците“ имаат финансиски проблеми, па тимот веќе го напуштија Инсиње, Мертенс и Кулибали, а покрај Зиелински се преговара и за заминување на Осимен, кој е голема желба на Баерн Минхен.
Барем засега, желба на Наполи е да го задржи нашиот Елиф Елмас, за кого веќе беа одбиени две понуди од Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА