Тетовска Шкендија со предност од 2-1 го очекува утрешниот реванш-натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига против летонската Валмиера.
Сега во Скопје, „црвено-црните“ посакуваат нова победа со која ќе го трасираат патот кон следната рунда европски натпревари.
Но, и стратегот Артим Шаќири и сите поединци во тимот знаат дека мора да бидат максимално сериозни во пристапот кон натпреварот доколку се сака успех, и нов триумф. Токму сериозен пристап имаше и на денешниот официјален тренинг на арената „Тодор Проески“ се во насока на што подобра подготовка за утрешниот меч…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА