Бајрами: ЦСКА е фаворит секако, сега ќе биде еден поинаков меч во Софија!

Стратегот на Македонија ЃП, Муарем Бајрами сосема очекува повторно ја препушта фаворитската улога на ЦСКА Софија и пред утрешниот реванш-натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Двата тима одиграа натпревар без голови во Скопје, па сега се се почнува од нула. ЦСКА Софија е фаворит на домашен терен, но „лавовите“ како и секогаш воопшто не планираат предвремено предавање.

„Почнуваме од нула по она реми без голови во Скопје. Останувам на тоа дека ЦСКА Софија е фаворит, но ние во Скопје успеавме да одиграме тактички дисциплинирано. Сега ќе биде еден сосема поинаков меч во Софија, двата тима повеќе се познаваме, знам дека ќе ни биде тежок натпревар но верувам во моите момци дека можат повторно да одиграат квалитетен меч. Можеби ЦСКА не е во својата најдобра форма, има нов тренер, нови прилагодувања за играчите, но секако се силен тим кој јасно е дека ќе атакува на победа“ – истакна Бајрами на прес-конференцијата во Софија.

Натпреварот меѓу ЦСКА Софија и Македонија ЃП се игра утре од 19 часот на стадионот „Бугарска Армија“ во Софија.

Се вчитува...