ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Брегалница убедлива со Кожуф, Тиквеш го победи Работнички, реми на Победа

Фудбалерите на Брегалница ја запишаа и третата победа за време на летниот подготвителен период, славејќи со убедливи 4-0 (1-0) на пријателскиот натпревар против гевгелиски Кожуф кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.

Избраниците на Илчо Ѓорѓиоски до предност дојдоа уште во првото полувреме, а уште два погодоци беа постигнати во вториот дел. Најпрво погоди офанзивецот Милан Ѓокиќ, а потоа својот прв погодок во дресот на Брегалница го постигна и повратникот во тимот и засилување за новата сезона, младинскиот репрезентативец Иван Николов. Конечните 4-0 ги постави Дино Михолов.

Претходно, „сините“ на тест-дуелите триумфираа против прилепска Победа (2-0) и српскиот Трајал од Крушевац (2-0), а ремизираа без голови со Работнички и романската Стеауа Букурешт.

Тиквеш го победи Работнички на „генералката“ пред новата сезона

Тиквеш, на тест дуелот кој се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци, славеше со 2-0 против Работнички.
Ивановски во 13.минута погоди за водство на кавадарчани од 1-0, а во 41. минута Мишов ги постави конечните 2-0.

Реми на Победа со албанскиот прволигаш Егнатиа

Прилепска Победа резмизираше (2-2) на пријателскиот натпревар против албанскиот прволигаш Егнатиа од Рогожина кој се одигра на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Прилепчани во два наврати имаа предност од 1-0 и 2-1, но гостите успеваа да израмнат. Стрелци на головите за македонскиот тим беа Марио Наумоски и Џејмс.

Каменица Саса ја победи Беласица на тестот во Струмица

Каменица Саса славеше со 0-1 на гостувањето против Беласица на пријателскиот дуел во Струмица. Стрелец на победничкиот гол за Каменица Саса беше Владимир Дујовски во 56. минута од средбата, од пенал.

Се вчитува...