Првиот Кинез во македонската кошарка, во дресот на Куманово (ФОТО)

Кинескиот интернационалец Кикаи Сун е нов член на КК Куманово. Тој е прв Кинез во македонската кошарка, а во редовите на кумановци доаѓа по препорака на тренерот Владимир Мирковски кој долго време работеше во оваа држава.

Сун игра на крилните позиции, висок е 196 сантиметри, а настапувал во НЦАА за Сетон Хол Универзитетот од Њу Џерси.

Последната сезона ја помина во тимот Њујорк Харлем Андердогс каде просечно постигнувал по 11,4 поени, 4,6 скока и 2,1 асистенции по натпревар.

Се вчитува...