Клоп експериментираше, Ливерпул загуби од Салцбург

Ливерпул загуби со 1-0 на пријателскиот натпревар со Салцбург, уште еден дуел што Јирген Клоп го искористи за експерименти во составот на „црвените“.

Имено, англискиот вицепрвак го почна дуелот со видно изменет состав, само со Нуњез и Кеита од предвидените стартери за новата сезона. Салцбург знаеше како да го искористи тоа и стигна до водство преку Шешко во 31. минута.

Клоп во вториот дел ги уфрли главните адути, се редеа шанси на Салах, Дијаз и останатите, но „црвените“ не успеаја да постигнат гол и го претрпеа вториот пораз во овој подготвителен период.

Дуелот ќе остане запаметен и по големото промашување на домашниот напаѓач Фернандо, кој се посрамоти во првото полувреме од идеална позиција не успевајќи да ја затресе мрежата на Ливерпул.

Се вчитува...