Грималдо е план „Б“ за Манчестер Сити

Манчестер Сити ова лето остана без Олександар Зинченко кој кариера ја продолжи во Арсенал, а преговорите за негова замена не се одвиваат во најдобар можен ред. Голема желба на „граѓаните“ е Марк Кукурела, но разликата помеѓу тоа што го нуди Манчестер Сити и тоа што го бара Брајтон е 20 милиони евра.

Клубот од Манчестер веќе испрати понуда од 30 милиони евра, но Брајтон нема да дозволи и втората ѕвезда да замине од тимот доколку сумата на трансферот не изнесува 50 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.

Затоа „граѓаните“ погледот го насочуваат кон опцијата „Б“ – Алехандро Грималдо. 26-годишниот бек на Бенфика исто како и Кукурела е продукт на познатата академија на каталонците Ла Масиа, а португалскиот клуб го проценува на 20 милиони евра.

Се вчитува...