Најчудниот трансфер ова лето со велемајсторки потег се претстави во егзотичното првенство (ВИДЕО)

Фредерико Бернардески изненади со одлуката ова лето европскиот фудбал да го замени со северноамериканскиот каде го засили Торонто како слободен играч. 28-годишниот репрезентативец на Италија помина пет сезони во дресот на Јувентус, а по завршувањето на договрот со „старата дама“ и покрај големиот интерес од евроските гиганти се одлучи да замине во Канада, реализирајќи го најчудниот транфсер ова лето.

А, таму се претстави во најдобро можно светло. Во првиот натпревар во МЛС лигата погоди и асистираше во победата 4-0 над Шарлот, а во финалето од разигрувањето во шампионатот на Канада со велемајсторски потег асистираше до својот согирач.

Се вчитува...