Скопје во септември ќе биде во центарот на вниманието на европската кошарка откако главниот град на Македонија беше изборот на ФИБА за еден од градовите-домаќини на квалификацискиот турнир на Лигата на Шампионите. Најзаслужен за тоа е ТФТ кој по пријавеното учество ќе разигрува за пласман во групната фаза на престижното натпреварување.
Клубот од Тафталиџе за противник во првата рунда ќе го има германскиот Кемниц Најнерс каде помошен тренер е нашиот стратег Ѓорѓи Кочов, а покрај овие два клуба во Скопје ќе се натпреваруваат и Фрибург Олимпик од Швајцарија, англискиот Лестер, романскиот Волунтари и турскиот Тофаш.
Натпреварите ќе бидат одиграни во СЦ „Борис Трајковски“, а за македонскиот претставник натпреварувањето започнува на 21. септември. Турнирот ќе трае до 25. септември по што ќе биде познат патникот во групанта фаза од натпреварувањето.
Покрај Скопје, останатите квалификациски турнири ќе бидат одиграни во Лисабон, Белград и Малага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА