Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија покрај ждрепката за новата сезона во Втората фудбалска лига денеска беше реализирана ждрепката и за првата фаза од Купот на Македонија.
Истата донесе неколку интересни натпревари уште во 1/16 финалето од разигрувањето па така Шкупи ќе гостува кај Беласица, Вардар го очекува дуел со Саса, Шкендија ќе гостува против Караорман, а Работнички против Коњари.
ДВОЈКИ ЗА 1/16 ФИНАЛЕ
БЕЛАСИЦА – ШКУПИ
ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР
ТЕТЕКС – А.ПАНДЕВ
СЛОГА (В) – БРЕГАЛНИЦА
САСА – ВАРДАР
КОЖУФ – ТИКВЕШ
ВАРДАР (Н) – СТРУГА ТЛ
КАРБИНЦИ – ПОБЕДА
ЗАЈАЗИ – ВОСКА
ФОРТУНА – БОРЕЦ
ЉУБОТЕН – РЕНОВА
КОЊАРИ – РАБОТНИЧКИ
ЦРНО БУКИ -СКОПЈЕ
КАРАОРМАН – ШКЕНДИЈА
Бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров и минатогодишниот финалист Силекс се слободни во првата фаза од разигрувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА