Официјално: Барселона го претстави Џулс Кунде

Трансфер сагата за преминот на Џулс Кунде во Барселона е конечно завршена откако клубот денеска и официјално го потврди ангажманот на францускиот стопер. Тој во редовите на каталонците доаѓа од Севилја во трансфер вреден 50 милиони евра кој ќе достигна до 60 милиони евра и се очекува да заработува шест милиони евра по сезона.

Кунде беше трансфер цел и на Челси со кој веќе ги имаше договорено и личните услови, но во последен час интервенцијата на Чави го пречи преминот во Лондон. 23-годишникот сега се очекува да биде клучна фигура во обидот на шпанскиот тим да се врати на врвот на Европа.

Се вчитува...