Македонскиот прволигаш Шкендија, се пласираше во третото коло од Конференциската лига откако денеска и во реваншот на домашен терен славеше над летонската Валмеира (3-1).
Тренерот на тетовци, Артим Шаќири по мечот вели дека е среќен што може да победуваат и кога не играат најдобро.
„Нема многу да коментирам, победата е на играчите бидејќи навистина ја заслужија. Можеби не игравме најдобро на моменти, ама го добивме тоа што го баравме, се пласиравме во третото коло. Не секогаш добар фудбал победува, но не игравме и премногу лошо. Задоволен сум со залагањето на играчите и резултатот кој е солиден“, вели Шаќири.
Тој кажа збор два и за следниот противник, шведскиот АИК.
„АИК го познавам од пред 23 години кога играв против него. Имам добри сеќавања, но сега сум како тренер. Ќе се вратам како тренер, со Шкендија како противници. Имаме респект, до влегувањето на терен, по преминувањето на аут линијата, тоа исчезнува и имаме респект само за нас. Ривалот знам каков фудбал игра, но имаме време да се подготвиме за тој натпревар, за два дена ќе почнеме со подготовките. Имам пријатели од Хамстад, добив мејл од стружани кои живеат во Стокхолм, ки се отворени за помош за триумф против АИК“, изјави Шаќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА