Лапорта: Сакам Меси да ја заврши кариерата во Барселона

Лео Меси во 2021 година по точно 21 година помината во Барселона трагично замина од клубот откако поради финансиските проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирус каталонците не можеа да си го дозволат неговиот потпис.

Аргентинскиот ас замина во ПСЖ каде заедно со Мбапе и Нејмар формираше „мега тим“, но се чини дека еден од најдобрите фудбалери на денешницата сепак ќе се врати на добро познатото место. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта настојува да ја врати легендата на „Камп Ноу“, а како што вели за истото чувствува и должност.

„Чувствувам должност кон Меси. Сакам да ја заврши кариерата во Барселона со овации на секој стадион на кој ќе заигра. Мислам дека можеме тоа да го изведеме. Ние се надеваме на тоа, моите намери за Лео се јасни“, изјави Лапорта.

Мала е веројатноста дека Меси оваа сезона ќе го облече дресот на Барселона, но со оглед на тоа што неговиот договор со ПСЖ истекува во јуни 2022 година голема е веројатноста за камбек како слободен играч.

Се вчитува...