Барселона ова лето направи одлични трансфери откако успеа да доведе неколку одлични засилувања. Во Каталонија наредната сезона ќе ги гледаме Роберт Левандовски, Рафиња и Жил Кунде.
Жоан Лапорта, претседателот на Барса успеа да го препороди тимот по само една година од неговиот мандат. Тој сега за медиумите се штедеше и брутално одговори на критиките од страна на неколку европски гиганти. Баерн Минхен и Реал Мадрид се запрашаа како каталонскиот тим купува, а се наоѓа во криза и има голем долг.
„Можам да порачам на Баерн дека е лошо информиран. Ние сме клуб со историја од 122 години. Никој не е свесен за поддршката која ја имаме. Нека се грижат за нивните политики. Што се однесува на Реал Мадрид, мислам дека некој е загрижен поради нашите трансфери ова лето. Ги почитувам сите мислења, но гледам дека има загриженост. Ќе се видиме на теренот, ние одново се враќаме за да бидеме на врвот“, порача Лапорта.
Чави Хернандез во новата сезона ќе има респектабилен тим, кој ќе атакува на трофеите во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

