Кристијано Роналдо сака да замине од Манчестер Јунајтед и да премине во клуб кој се натпреварува во Лигата на Шампионите со цел да го продолжи ривалитетот со Лео Меси за најдобар голгетер во историјата на елитното натпреварување.
Португалскиот ас со 141 постигнати голови е лидер на вечната листа во моментот, но година пауза од најелитниот фудбал ќе го доближи Лео Меси до првото место. Аргентинецот заостанува само 16 гола зад Роналдо, а ќе има шанса да го престигне веќе во новата сезона.
Роналдо ова лето беше поврзуван со трансфер во Челси, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид, но клубовите му кажаа „не“ на легендарниот фудбалер. Како последна опција се јавува враќање во клубот од детството, Спортинг кој во новата сезона заедно со Порто ќе го претставува португалскиот фудбал во Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

