Мурињо гради тим за скудето: Рома обезбеди уште едно топ-засилување

Освојувањето на Лигата на Конференции на УЕФА беше само мотив повеќе за челниците на Рома летово да го одврзат кесето и да му донесат на Жозе Мурињо врвни засилувања со кои „волчицата“ би можела и да се бори за највисок пласман.

Абрахам беше осамен во голем дел од ланската сезона, но Рома сезонава не би требало да има проблем со нападот, веќе беше потпишан Пауло Дибала, а во следните 48 часа се очекува на „Олимпико“ да пристигне уште еден голгетер од светска класа. Станува збор за Андреа Белоти, долгогодишниот капитен на Торино кој ќе потпише тригодишен договор како слободен играч, по истекот на договорот со „торинезите“.

За Белоти до лани имаше бројни понуди, летово ниту еден од заинтересираните клубови не ги прифати условите што италијанскиот репрезентативец ги бараше, по што тој слично како и Дибала, ги спушти барањата и потпиша договор со Рома.

Мурињо не планира да запре, па по Белоти се очекува да биде комплетиран и трансферот на Вајналдум, кој ќе пристигне на позјамица од редовите на ПСЖ.

Се вчитува...