Олимпијакос дава 4,5 милиони евра за Леванте, и 700.000 евра плата на Барди за трансфер на македонскиот репрезентативец!

Грчкиот Олимпијакос е новата дестинација на еден од најдобрите македонски фудбалери, Енис Барди, тврдат дел од шпанските медиуми.

Според информациите од шпански „Супердепорт“, веќе познати се комплетните детали околу понудата на Олимпијакос до Леванте и македонскиот репрезентативец.

Како што пренесуваат Шпанците, вкупниот трансфер на Барди во најтрофејниот грчки клуб би изнесувал 4,5 милиони евра, од кои Олимпијакос на Леванте би исплатил веднаш три милиони евра, а дополнителни 1,5 милиони евра преку бонуси во рок од една година. Платата на Енис Барди би изнесувала 700.000 евра, што е за околу 40% помала од онаа која ја земаше во Леванте во шпанската Ла Лига.

Договорот на Барди со Леванте е до јуни 2024 година. Во шпанскиот клуб е од 2017 година каде пристигна од редовите на унгарски Ујпешт. Минатата година Леванте одби 12 милиони евра понуда од неколку италијански и шпански клубови, но по испаѓањето на клубот во Втората шпанска лига сега цената е значително намалена.

Се вчитува...