Левандовски жестоко кон Баерн Минхен: Ме лажеа, слушнав многу ср.ње за мене од нив!

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски по осум години го напушти Баерн Минхен. И тоа на не баш коректен начин. По заминувањето Левандовски ги повика челните луѓе на Баерн да престанат да шират лаги за него.

Дел од приказните се дека несогласувањата меѓу нив се поради тоа што Баерн сакал да го замени со Ерлинг Халанд.

„Не, тоа не е вистина. Јас сум човек за кого вистината е најважна, па и кога е лоша по мене. Не сакам да ви откривам што точно се случи, но тоа не е поради Халанд. Не гледам проблем Халанд и да дојдеше во Баерн. Вистината е дека одредени луѓе во клубот постојано ме лажеа. Јас сакав се да биде чисто а на некои тоа не им одговараше. Почувствував и го знаев вистинскиот момент кога да го напуштам клубот. Морав да заминам. Знам дека за мене зборуваа многу глупости, лаги и ср.ња. Но знам дека навивачите и денес се на моја страна“ – вели Левандовски.

Се вчитува...