Гостивар од денеска е посилен за Гирги Корсантија, центар на репрезентацијата на Грузија кој ја прифати понудата на гостиварци и потпиша едногодишен договор со овој македонски прволигаш.
Станува збор за играч висок 207 сантиметри, кој подеднакво добро се снаоѓа и како центар и како крилен центар. Корсантија доаѓа во Гостивар по одличната сезона во тимот на Кутаиси, со кој стигна до титулата во Грузија, притоа остварувајќи одлични бројки од 17,7 поени и 10 скокови по натпревар.
Овој кошаркар би требало да го заземе местото на ветеранот Марјан Јанески, кој по две години си замина од Гостивар и се врати назад во таборот на Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

