Реал Мадрид целосно доминираше на пријателскиот натпревар со Јувентус во Лос Анѓелес победувајќи со 2-0, во меч кој можеше и со поубедлива победа на „кралевите“.
Реал постигна гол уште во седмата секунда преку Бензема, но беше поништен поради офсајд позиција. Сепак, предноста дојде во 19. минута кога беше досуден пенал по стартот над Винисиус, а од белата точка погоди Бензема.
Јувентус изгледаше тотално безидејно на натпреварот, па по фантастична акција во 69. минута „кралевите“ со голот на Марко Асенсио зголемија и на 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА