Класата на Игуаин е вечна: Ремек-дело од слободен удар и хет-трик, но Интер Мајами сепак не победи

Гонзало Игуаин потсети на своите најдобри голгетерски денови откако Аргентинецот постигна хет-трик за едно полувреме на дуелот меѓу Интер Мајами и Синсинати.

Екс-голгетерот на Наполи и Јувентус блесна во првите 45 минути, фантастичното издание најавувајќи го со еврогол од слободен удар што и тројца голмани не би можеле да го одбранат.

И покрај одличното издание на Игуаин, Интер Мајами не успеа да го добие натпреварот, па дури и едвај стигна до реми од 4-4 со голот што го постигна Меквеј во 97. минута.

Се вчитува...