ПСЖ на крилјата на Нејмар и Меси убедливо со Нант за трофеј во Суперкупот на Франција (ВИДЕО)

ПСЖ, сосема очекувано, е освојувач на Суперкупот на Франција откако триумфираше убедливо со 4-0 против Нант.

„Светците“ до првиот трофеј во новата сезона стигнаа на крилјата на Нејмар и Меси.

Лионел Меси уште во 22. минута од средбата го донесе ПСЖ до водство, а Нејмар во 45. минута веќе зголеми на 2-0.

Во второто полувреме, во 57. минута погоди Серхио Рамос за 3-0, а Нејмар со својот втор гол заокружи на 4-0 во 82. минута од пенал.

Се вчитува...