Јаник Синер синоќа успеа да обезбеди триумф во финалето на турнирот во Умаг, Хрватска против Карлос Алкараз со 2-1 во сетови, односно 6-7, 6-1 и 6-1.
Битката меѓу едни од најталентираните тенисери почна израмнето, па првиот сет беше решен дури во тај-брејкот, каде што Шпанецот го искористи лошиот сервис на Синер.
Италијанецот потоа влезе во неверојатна серија и со три брејка го доби вториот сет со 6-1, а идентично беше и во третито сет, каде што повторно славеше со 6-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

