Јувентус се откажа од Заниоло, нова цел е фудбалер на Специја

Јувентус не успеа да се договори со Рома за трансферот на Николо Заниоло, па се чини дека младата ѕвезда ќе остане во редовите на „волчицата“.

Рома не отстапи од барањето за 50 милиони евра, сума која Јувентус не е подготвен да ја плати, а поради тоа веќе работи и на алтернатива која ќе биде многу поприфатлива за клупскиот буџет.

Италијанските медиуми тврдат дека нова цел на „бјанконерите“ е Даниеле Верде, крилниот фудбалер на Специја, кој минатата сезона ја заврши со 8 гола и 6 асистенции.

Специја има договор со Верде до 2025 година, но претпоставките се дека не може да добие повеќе од 10 милиони евра за неговиот трансфер, а Макс Алегри би добил брз и креативен играч кој може да помогне во одредени моменти.

Јувентус размислувал и за Доменико Берарди од Сасуоло, но и таа операција би била речиси идентично скапа како најавената со Заниоло.

 

 

Се вчитува...