Њукасл доби брутален одговор од Лестер, откако беше испратена понуда до „лисиците“ за купување на одличниот Џејмс Медисон.
Лестер без размислување отфрли 40 милиони евра за услугите на Џејмс. Тренерот на „лисиците“, Брендан Роџерс кажа дека за тие пари може да купат само три четвртини од неговата лева нога.
„Ништо од тој трансфер. Медисон е наш фудбалер. Не можам да одредувам цена на фудбалерот, но сметам дека сумата која ја нудат е доволна за три четвртини од неговата лева нога“, кажа Роџерс.
Медисон стигна во Лестер во 2018 година, а притоа одигра 171 меч и постигна 45 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

