Офанзивниот играч на Брегалница, Бобан Георгиев се договори кариерата од идната сезона да ја продолжи во тимот на Леотар од Босна.
Екс-репрезентативецот на Македонија веќе има искуство со клубовите од оваа земја, имајќи предвид дека претходно играше за екипата на Борац-Бања Лука.
Брзиот крилен напаѓач настапува и во Србија за Радник Сурдулица, а во домашниот шампионат беше дел и од екипите на Силекс односно Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА