Кошаркарската федерација на Франција ќе ги исфрли сите кошаркари од репрезентацијата кои ќе потпишат за клубови од Русија или Белорусија, поради инвазијата на овие две земји над Украина.
Три кошаркари летово потпишаа за руски клубови и поради тоа нема да настапат за Франција во квалификациите за Светското првенство и на Евробаскетот. Се работи за Томас Ертел кој од Реал Мадрид премина во Зенит, Луи Лабејри кој Валенсија ја замени со Уникс Казањ и Ливиј Жан Шарл кој дресот на Олимпијакос го замени со тој на ЦСКА Москва.
Федерацијата исто така ќе бара од кошаркарите кои ќе ја претставуваат земјата да потпишат нешто слично на заклетва со која ветуваат дека нема во иднина додека трае конфликтот да бидат дел од клубовите од Русија и Белорусија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

