Барди чека Олимпијакос да добие нов тренер, па да потпише!?

Грчкиот тим Олимпијакос во следните часови би требало да добие нов тренер. Станува збор за шпанскиот стручњак Карлос Корберан, кој има 39 години и кој ќе треба да го превземе кормилото на Педро Мартинс. Португалецот е е пред отказ од грчките „црвено-бели“ поради дебаклот во квалификациите во Лигата на шампионите од Макаби Хаифа (0-4).

Корберан во последните години работеше во Англија, во Хадерсфилд и во Лидс, а претходно беше дел од Ермис, Докса и Алкоркон.

Според информациите од Грција, сегашниот тренер Педро Мартинс не е љубител на Енис Барди, па така тренерската смена ќе може да придонесе играчот од средниот ред да потпише со грчкиот најтрофеен клуб и да стане дел од оваа екипа.

Според информациите, договорот би бил на три години.

Се вчитува...