Армандо Броја ова лето е еден од најпосакуваните фудбалери на трансфер маркетот. Албанскиот репрезентативец кој е член на Челси, претходанта сезона настапуваше за Саутемптон како позајмен играч, а таму блесна со своите настапи. Со тоа го привлече погледот на голем број евроски клубови, па понудите на масата на Челси продолжуваат да се редат.
Покрај премиерлигашите Вест Хем Јунајтед, Њукасл Јунајтед, Лидс и Евертон желба за ангажман изрази и Реал Мадрид кој на 20-годишникот гледа како замена за Карим Бензема. Албанецот е идеално решение за „кралевите“ со оглед на тоа што искусниот француски голгетер има уште неколку сезони на врвно ниво, а за тоа време младиот напаѓач треба да се естаблира како константен на теренот.
Сепак се зависи од Челси кој ова лето веќе одби понуда од 30 милиони од лондонскиот ривал Вест Хем. Тренерот Томас Тухел има проблеми во нападот и не дозволува младиот фудбалер да замине од „Стемфорд Бриџ“ па очекувањата се дека ќе добие шанса во новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

